Се докажаа сомневањето дека група Беланоца-Барон криела пари и оружје. Во целата акција беше вклучена Армијата.
Досега беа запленети поголема количина оружје, милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети.
Инстражните органи и натаму работат на прибирање докази за сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.
Акцијата продолжува, а неофицијално вакви заплени се очекуваат и во наредните денови.
Во средата полициски екипи на пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново пронајде еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.