Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, денеска во Македонија официјално е одбележан 9 Мај- Денот на победата над фашизмот.
Цвеќе положи делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски.
Пред споменикот, цвеќе положија и делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од АРМ, Град Скопје, претставници на борците, на политичките партии, на ОБСЕ и на амбасадите на Русија, Србија, Украина и САД.