Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод рамазанските пости приреди ифтар вечера во Скопје за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери кои се од исламска вероисповест, пренесува „Курир“.
На вечерата присуствуваа носители на државни функции, пратеници, членови, симпатизери и поддржувачи на политиките на партиите од Коалицијата „За подобра Македонија“.