Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, синоќа приреди ифтар вечера по повод рамазанските пости.
На традиционалната вечера присуствуваа членови на Владата, министри и други функционери, како и членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери кои се од исламска вероисповест.
Груевски го честиташе големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посака многу здравје и успеси, а посака и заедно да се радуваат на, како што рече, наредната победа на изборите.
Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, потенцираше Груевски на вчерашната ифтар вечера.
Албанците и Македонците муслимани, како и сите останати етникуми го поздравија овој гест на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на ифтар вечера кој веќе преминува во традиција.
Овој гест го оценувам како позитивен и се надевам дека ќе продолжи и во иднина истото и другите партии ќе земат пример за оваа работа и тие ќе организираат исто вака ифтар, рече Сеад Солаковски од Лабуништа, Струга.
Ова најпрво премина во традиција, ова е еден одличен гест од страна на владејачката партија односно на ВМРО-ДПМНЕ и тоа за нас Македонците муслимани претставува не само гест, туку чест, доблес и задоволство кое ни го приредува самата партија бидејќи се грижи за нас, за нашиот нераскинлив дел од македонскиот народ и тоа за мене претставува еден став кој го има партијата кон нас дека ние и Македонците немаме никаква разлика освен религиската припадност. Токму затоа сме тука да го одбележиме овој ден и мислам дека тоа нема никакви препреки, напротив е многу добар чин, потенцираше Ерол Исмаиловски од општина Боговиње.
Овој гест го оценуваме во насока на развивање на она што значи мултиетничко општество, нешто што треба да се негува во рамките на демократските процеси, тоа е добар потег и ние со задоволство, како претставници на Египќаните сме тука и ни претставува огромна чест и во оваа прилика ја поздравувам оваа идеја и ова треба да остане традиција што треба да се негува и почитува, подвлече Демир Далип, претседател на НВО коалиција на Египќаните.
Многу е добар овој гест и многу сме благодарни. До сега на овие вечери јас сум бил три пати, еднаш во Струга и два пати во Скопје и многу е добро, многу е фино, само така да се продолжи, истакна Имеровски Џамис од село Октиси.
Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, Македонците муслимани, Албанците и останати етникуми, категорично тврдат дека тоа не е така, туку спротивно- дека ВМРО-ДПМНЕ е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно.
Воопшто не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, туку напротив. Тоа се само изговори на некои личности и некои партии, вели Солаковски.
Категорично тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите, за Македонците муслимани и за останатите категории на граѓани, за сите етникуми во државата. Посветува внимание затоа што има добро развиена стратегија и едноставно ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, туку напротив таа е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно, како една целина, додава Исмаиловски.
Ние како Египќани секогаш сме партнери на ВМРО-ДПМНЕ и да се каже за национализам во вакви услови кога се негуваат мултинационалниот карактер навистина е нешто нетипично и за нас неприфатливо и сметам дека тоа е повеќе политиканство отколку реалност на една објективна стварност. Мислам дека тоа е во рамките на дневнополитичките активности но ова не треба да се злоупотребува особено во вакви мултикултурни и мултиетнички општества како што е македонското, бидејќи тоа не е во интерес на Македонија, потенцира Далип.
Нема шанси ВМРО-ДПМНЕ да е ниту пак да биде националистичка партија, затоа и ние сме со таа партија, рече Имеровски.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ отворено во изминатиов период ја застапува политиката на инклузивност кон Македонците муслимани, но и припадниците на другите етнички и верски заедници. Во извршниот комитет на партијата освен припадници на Македонците муслимани, за прв пат беше именуван и член од турската етничка заедница, докторката Нермин Теловска.