Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска е во посета на општина Охрид од Унијата на млади сили на партијата беше пречекан со транспарент: „Претседателе, младите охриѓани се со вас“.
При посетата на Општина Охрид денеска, предвидено е Груевски најпрво во 12:30 часот да присуствува на промовирање на три фасади на објекти од старата градска архитектура.
– Во 13:00 ќе оствари посета на Св.Климентовиот Универзитет – Плаошник, во 13:40 ќе изврши увид во активности при изградба на единечен и двоен тениски терен и повеќенаменско игралиште во СЦ “Билјанини извори“, во 14:00 ќе изврши увид во активности при изградба на пешачка патека од канал Студенчишта до х.Парк, информираат од партијата.
Груевски посетата ќе ја заврши со средба со жителите на с.Коњско која е предвидена за 14:20 часот.