
Премиерот Никола Груевски присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици во Охрид.
Одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление -Водици има исклучително значење за Охрид и христијанските верници. Одбележувањето на Празникот Богојавление во Охрид е едно од најголемите одбележувања на верски настан и на Балканот, со тоа потврдувајќи го називот на Охрид како балкански Ерусалим.