Како изгледаат супермоделите по пензионирањето? Ако станува збор за Хајди Клум, ќе добиете скоро едногласен одговор – сензационално.
За тоа е свесна и оваа убава Германка, која сега има 48 години, при што роди дури четири деца (најстарата ќерка Лена сега има 17 години). Па затоа не и беше проблем на својот Инстаграм да покаже како изгледа нејзиното викенд попладне на оваа горештина.
Поточно, тоа со фотоапарат го забележал нејзиниот сопруг, 31-годишниот гитарист на „Токио хотел“, Том Каулиц. Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“, како што покажува фотографијата, се сонча во задниот двор на нејзината куќа без облека, но ги покрила „стратешките“ делови со крпа и со вешто прилагодена позиција на нозете и рацете, па фотографијата не открива ништо, освен нејзината сензационална линија иако Клум е целосно гола.
„Денес беше жешко“, напиша Клум на својот Инстаграм заедно со црно-белата фотографија што ја објавила на својот инстаграм-профил, каде ја следат 8,2 милиони обожаватели.
„Денес беше жешко“, напиша Клум на својот Инстаграм заедно со црно-белата фотографија што ја објавила на својот инстаграм-профил, каде ја следат 8,2 милиони обожаватели.
ФОТО: Инстаграм