ФОТО| Хаос на границата – се враќаат работници од Германија за 18.000 денари минималец

Вчера повратник од Германија со пофални зборови за новата влада и покачениот минималец. Како што изјави Полико Авдиу, кој живеел 18 години во Германија и се вратил, ни Германија не е повеќе тоа што беше па подобро му е тука со 18.000 денари минималец, отколку во туѓина со повеќе пари.

Ваквата изјава на Авдиу беше пречекана на социјалните мрежеи како „кец на десетка“ која беше дадена по посетата на премиерот Димитар Ковачевски и на министерката за социјални работи Јована Тренчевска на текстилната компанија „Текстил Солушн“ во Скопје.

Компанијата „Текстил Солушн“ се занимава со производство на специјален тип на заштитна облека, наменет исклучиво за извоз на европскиот пазар, има вкупно 80 вработени, а дел од нив земаат минимална плата.

Авдиу, кој работи како шивач 8 години во оваа компанија, нагласи дека бидејќи работел и во Германија претходно, од каде се вратил за да живее и работи дома, може да направи споредба и оцени дека условите за работа постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.

– Сега 18.000 денари мислам дека не е многу ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини…