Добро вооружени полицајци ја обиколиле болницата Сент Томас во Лондон, откако добиле „безбедносна узбуна“.
Пациенти и вработени во болницата се евакуираат откако се слушнале пукотници. Очевидци на настанот велат дека никој не смее да влезе во болницата.
Вестминистерскиот мост и Ламберт Палас Роуд се затворени од полицијата пренесе ББЦ Радио Лондон Травел.
Очевидец на инцидентот изјавил: „Нешто се случува во болницата Сент Томас. Мојот партнер кој работи во близина е евакуиран. Никој не смее да влезе или излезе од Болницата“.