Фантомската хоноконшка компанија „Starbi International” преку којашто македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче се обиделе да набават вакцини од кинеската компанија „Sinopharm“, има тројца вработени.
Компанијата е регистрирана во Самоа, островска држава во Тихиот Океан каде не се плаќаат даноци за трансакции. Потоа компанијата била регистрирана и во Хонгконг.
На интернет странцата која посредува за офшор компании и меѓународни бизниси се наведува дека Самоа обезбедува поволен даночен систем особено за меѓународните бизниси.
Во комбинација со многу привлечни деловни стимулации, островската земја е едно од најдобрите места за формирање офшор компанија. Странските компании кои работат таму се ослободени од сите даноци на приход. Покрај тоа, многу други локални даноци и такси се исто така отстранети за странски инвеститори, имено данок на капитална добивка, марки на марки, дивиденди, заработка или камати од надвор од Самоа.
Даночната политика на Самоа е дизајнирана да им помогне на меѓународните бизниси да го извршат најдоброто од себе со ниски оперативни трошоци. Покрај тоа, владата на Самоа исто така ги поддржува странските инвеститори со различни деловни стимуланси и придобивки. Предностите што ги нуди вклучуваат: Нема годишно известување, сметководство или какви било барања за финансиска ревизија, Нема потребен капитал при основање компанија, Владините такси за деловно работење се релативно ниски,
Нема контрола на девизи на секави валути, силно законодавство за заштита на средства, комплетна политичка, економска и социјална стабилност, се наведува во описот на интернет страната.
Според регистарот во Хонгконг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантомската фирма „Starbi International” е регистрирана во 2017 година, само пет месеци по формирањето на владата на Заев.