(ФОТО) Хорор на Алпите, еден вагон од воз се сруши во провалија друг остана да виси во воздух

Неколку вагони на патнички воз со околу 200 патници излетал од шините при одрон на земјиште во близина на Сент Мориц на југоистокот на Швајцарија. Најмалку еден вагон пропаднал во провалија, додека еден останал да виси на раб.

slika voz

Според известувањето на локалните медиуми, седуммина се повредени, а засега нема податоци дали има мртви.

voz 2

На местото на несреќата се четири спасувачки хеликоптери, имајќи предвид дека по копнен пат не може да му се пријде на местото на несреќата.

voz 3

Во вагонот кој останал на работ на провалијата, патниците наводно трчале во паника во делот кој останал на земја за со својата маса да се обидат да спречат да се лизне.