Директорот на основното училиште „Светозар Радиќ“ во Текија, Михајло Сидерис на својот Фејсбук профил поставил фотографии од училниците во кои има голема количина на вода и кал по поплавите во овој дел од Србија.
-Нашето училиште и целата населба ги погоди катастрофална поплава. Водата измешана со камења, земја и стебла ја опустошија населбата. Со малку среќа и брза реакција на вработените избегната е катастрофа во училиштето. Ова е погледот од внатре, напишал Сидерис.
Од Текија и околните села со бродови и хеликоптери се евакуирани околу 500 лица до кои било речиси невозможно да се најде по копнен пат.