ФОТО| Хурем веќе не личи на себеси, непрепознатлива е по борбата со психичките проблеми

Турската актерка Мерјем Узерли, којашто публиката на освои со Хурем во историскиот спектакл „Сулејман Величествениот“, целосно го променила личниот опис и воопшто не наликува на султанката каква што ја познава телевизиската публика и се чини дека сега ретко кој би ја препознал.

Од 2011 година кога серијата стана популарна до денес, медиумите наведуваат дека актерката ги попилнила усните, јагодиците, како и дека користи ботокс. Узерли ослабела, и тоа драстично, поради што уште во текот на снимањето на серијата се зборуваше дека имала проблеми.

Актерката неодамна ја роди втората ќеркичка Лили Кои, а таткото не го претстави на јавноста, додека првата ќерка Лара Јемина ја има од врската со 17 години постариот претприемач Кан Атес.

Мерјем, или Хурем како што остана запаметена ширум светот, се борела со депресијата, а како што своевремено се пишуваше таа во текот на снимањето на серијата имала проблеми со килажата, поради што се претпоставува дека ѝ се влошила психичката состојба.

Тогаш се наведеуваше дека никому не се јавувала, како и дека во Германија престојувала во една клиника. Тогаш продукцијата беше покирана од нејзината изјава дека прекинува со снимањето на серијата.

„Лошо ми е, не можам повеќе. Не можам да издражам во Турција. Се враќам во Берлин“, напиша тогаш.