ФОТО I Барселона на Ел Класико ќе игра со логото на Ролинг Стоунс!

На следното Ел Класико кое е на програмата на 29. октомври, фудбалерите на Барселона ќе имаат поразлично лого на дресовите.

Логото на рок легендите, Ролинг Стоунс ќе се најде на дресовите на Барселона на дуелот со Реал Мадрид.

Тоа е дел од договорот со спонзорот Спотифај.

Мечот е закажан на 29. октомври, неколку дена по излегувањето на новиот албум на Ролинг Стоунс.

Откако потпишаа договор со Спотифај, повремено играчите на Барселона носат дресови со познати музичари, претходно го носеа логото на Дрејк и на Розалија.