
Српските медиуми не престануваат да се интересираат за македонскиот шоумен и затвореник Боки 13 откако излезе од затвор поради компликациите со здравјето.
Српски „Телеграф“ пишува дека тој е многу активен по излегувањето од затвор и дека направил неколку промени на себе.
Тој позирајќи во автомобилот во раката држеше електронска цигара, а во скутот имаше чанта од бендот „Хермес“ која важи за една од најскапите чанти на светот.
Некогашниот водител и шоумен е опериран на 14 јануари и тоа пет пати, а неодамна се огласи и откри како се чувствува.
-Убаво ми е, но не е време да кажам се што имам, вели Боки.
Исто така за српските медиуми се огласи и неговата мајка која вели дека било многу тежот период за неа како мајка.