Еден од најпрестижните и највлијателни светски весници, британски „Гардијан“ објави дека на денешните антивладини протести во Скопје учествувале 20.000 демонстранти.
-Околу 20.000 демонстранти излегоа на улиците во Македонија и побараа Владата да се повлече. Балканската земја е во криза во последните неколку месеци, предизвикана од наводна вмешаност на Владата во скандал со прислушување, пишува „Гардијан“.
И најугледниот британски весник избори 20.000 протестанти на денешниот митинг, очигледно само за лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска бројката изнесуваше смешни 100.000 граѓани.
Претходно, покрај „Гардијан“, истата бројка од 20.000 демонстранти ја објавија и реномираната агенција „Франс прес“ (AFP), како и Russia Today.
Заев и Шекеринска очигледно незнаејќи како да се справат со фијаското кое им се случи, бидејќи самиот Заев вчера изјави дека очекува поддршка од 100.000 граѓани, по завршувањето на протестот мораа да излезат со бројка која не само што е смешна, туку е и налудничава, бидејќи максималниот број на луѓе кои можат да се соберат на просторот каде денеска имаше симпатизери на СДСМ според сите проценки не може да надмине 21.000.