ФОТО I Чадот од големиот пожар во Осиек се гледа и од вселената, се шири кон БиХ

Пожарот што избувна нешто пред еден час по полноќ во дворот на осиекската компанија Драва Интернационал во населбата Бријест се уште не е саниран, а толку е интензивен што може да се види и од вселената.

Сите расположливи противпожарни сили се на терен, како и багери од градски фирми, со цел да се направи коридор и да се спречи ширење на пожарот. Поконкретно, на терен се околу 100 пожарникари со 50 возила.

Се молат граѓаните на Осиек да не излегуваат од домовите за да се заштитат од можни последици од загадениот воздух. Што не е чудно бидејќи Иван Бабоселац, од Хрватскиот метеоролошки завод, објави дека чадот од пожарот се гледа од сателитот и дека тој се преселил во Босна и Херцеговина.