Џенифер Лопез овој понеделник го прослави својот 54-ти роденден и тоа во голем стил.
Музичката дива на Инстаграм објави неколку фотографии од роденденската забава на кои покажа колку се забавувала.
Лопез објави фотографија на која танцува на маса со кренати раце, а освен што позира во свечен фустан, се пофали и со фотографии во бикини кои ги воодушевија фановите.
“Роденденско расположение…Цел месец!!” напиша пејачката со објава која им се допадна на повеќе од 870 илјади луѓе.
View this post on Instagram