ФОТО I ФФМ го објави комплетниот календар на натпревари во ПМФЛ 

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне во првата половина на август или поточно на 10 и 11 август кога се закажани пресметките Струга Трим Љум-Тиквеш, Пелистер-Гостивар, Шкупи-Воска Спорт, АП Брера-Вардар, Беса-Шкендија и Работнички Силекс.

Ова кола како и второто ќе се играат во термините од 17 часот, а потоа како што се намалу денот ќе имаме средби од 16, 15, 14 и 13 часот.

ФФМ на Македонија го објави комплетниот распоред на натпреварите или поточно за 22 кола по што ќе следи трета рунда со распоред кој ќе биде одреден дополнително според пласманот на тимовите на табелата.

Фото: ФФМ