Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани кој вчера избега од домашен притвор, на фотографија објавена вчера на социјалните мрежи може да се забележи дека е видно расположен во друштво со уште едно лице.
Засега е непознато дали фотографијата е направена вчера или пак се работи за постара фотографија.
„Чичко Блерим Рамадани, добре дојдовте дома во нашиот роден град, жал ни е што поради војната и слободата за Косово ви беше попречено движењето. Ослободителу, засекогаш почит, ќе бидеме заедно“, напиша на Фејсбук извесен Несрет Шашивари.
Блерим Рамадани избега од домашен притвор од куќа на роднина во Македонија, откако минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија.
Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен припадник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродима.
Бегството на Рамадани предизвика реакција во Србија. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, бегството го нарече „скандалозно“ и побара објаснување од државните органи на Македонија.
Фото: Фејсбук