7.8 C
Skopje
четврток, декември 19, 2024

ФОТО I Ковачевски со злоупотреба на деца за собирање на политички поени – се фотографираше во детска градинка

Премиерот на нашата земја како и досега, така и овој пат посоветуван од протоколот и ПР службата која треба да работи во негова корист направи уште еден гаф не дозволив за него.

Имено тој присуствуваше на отворање на нова детска градинка во Валандово каде и се фотографираше со дечињата во просториите на објектот со што уште еднаш покажа како се злоупотребуваат децата за политички цели.

Во минатото и неговиот претходник, како и високи функционери од СДСМ често знаеја да направат злоупотреба на деца за собирање на политички поени кај народот.

Тој по посетата на градинката сподели и статус и фотографии на Фејсбук:

„За мене, секое дете е важно, а денеска ова е посебен момент – селото Јосифово, во општина Валандово, добива нова детска градинка „Детелинка“. Среќни, здрави, безгрижни деца кои растат и учат низ игра со своите врсници, е она кое и нас како возрасни нѐ прави среќни. Секако, наша должност е, ние да дадеме сѐ од себе да им го овозможиме тоа.

Во „Детелинка“, во оваа градинка на среќата ќе бидат згрижени околу 60 деца поделени во три воспитни групи. Навистина се гордеам што со новите градинки им помагаме на родителите и се гордеам што за прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места.

Вложувањето во градинки, во образование, значи влог во иднината на државата“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Дали ќе има реакции и од надлежните институции или пак невладините организации останува да видиме.