ФОТО I Мечка е усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид

Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар Охрид, а нема повредени лица.

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 05.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид.

– На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи – Тетово.