Актерката Меган Фокс и раперот Machine Gun Kelly уште еднаш ја покажаа својата оригинална смисла за мода. Двојката отиде рака под рака во познатиот ресторан „Нобу“ во Малибу. Меган носеше проѕирен фустан кој беше припиен за телото и кој го украси со ѓердани. Неколку часа подоцна, актерката на својот инстаграм профил објави неколку фотографии од атрактивниот фустан, а под сликата напиша: „Тоа не се моите брадавици, бидете мирни“.