ФОТО I Меланија Трамп првата дама во Белата куќа има официјален портрет

Официјалниот портрет на првата дама на САД Меланија Трамп беше објавен во понеделникот, на кој таа позира потпрена на маса во Белата куќа.

Фотографијата ја направи фотографот Реџине Махаукс, а беше наведено дека е направена на 21 јануари 2025 година.

За оваа прилика таа носи црно сако Долче и Габана, чија цена е речиси 3.000 долари.

Портретите на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс беа објавени претходно овој месец пред инаугурацијата.

Меланија Трамп присуствуваше на инаугурациските настани, а вниманието особено го привлече со својот моден избор. Најпрво таа на свечената заклетва носеше темносина палто, заедно со шешир на американскиот дизајнер Адам Липс.

За инаугуративните балови на вечерта, носеше црно-бел фустан дизајниран од нејзиниот долгогодишен стилист Ерве Пјер.

Меланија и Доналд минатата недела ја прославија 20-годишнината од бракот, а тој и честиташе со нивната свадбена фотографија.