ФОТО I „Mоите најмили“ – портретот на семејството Алабакоски ги одушеви сите

Македонскиот поп- пејач Ламбе Алабакоски на Инстаграм објави семејна фотографија со сопругата Магдалена Алабаковска и синовите.

Ламбе ретко објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, но овој пат направи исклучок.

Неговата сопруга Магдалена ретко може да се види во јавноста, бидејќи се труди да биде далеку од очите на медиумите, но овој пат нејзиниот сопруг покажа како сега изгледа.

На семејнот портрет може да се види колку наследниците на пејачот пораснале, Михаил веќе има девет години, додека Димитриј има 4 години.

„Моето сѐ, моите најмили“ напиша пејачот во описот на фотографијата која е направена во црквата Света Софија во Охрид.

„Феноменална фотографија“, „Семејно богатство“, „Прекрасна фамилија“ – се редеа позитивните коментари надополнети со срциња.

Инаку, Магдалена и Ламбе Алабаковски го добија својот прв наследник во 2015 година и момчето го крстија Михаил, а потоа пет години подоцна, нивното семејство стана погогато за уште еден член – Димитриј.

Двете дечиња на пејачот и неговата избраничка се родени во Америка, додека пак Михаил, првиот син на Алабаковски, е роден на истиот ден кога и Ламбе слави роденден на 16 ноември.