
Околу 40 минути се чека утрово за влез и за излез од државата на граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, но сепак слична слика како на Табановце имаме и на граничниот премин Богородица.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.