ФОТО I Опасна карпа виси над автопатот Скопје-Велес, може да се стркала во секој момент, предупредува ЦУК

Oпаснa карпа виси над автопатот Скопје-Велес, на делот веднаш по патарината пред Велес, по првиот тунел.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека оваа карпа e опасност по учесници на сообраќај, а за опасноста добиле повеќе повици на бројот за итни случаи 112.

„Во ЦУК, има повеќе пријави од граѓани. Ситуацијата со опасната карпа е сериозна и потребно е во најбрз можен рок да биде направена санација, односно да се отстрани за да не се загрози човечки живот. Повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот“, информираат од ЦУК.

Нивна екипа утрово го посети местото и информира дека повеќе карпи и камења се забележани на повеќе локации, кои иако се заштитени со мрежи, е можно да се стркалаат на брзата сообраќајна лента.

„По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препорачано е да направат стручен надѕор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони“, информираат од ЦУК.