Претседателот на државата, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографија од припадниците на македонската Армија кои вчера учествуваа во спасувањето на пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.
-Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Од АРМ вчера објавија дека армискиот тим кој е ангажиран во Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините.
По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.
Инаку, Македонија вчера во Турција испрати дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини.