(ФОТО) И покрај пандемијата илјадници на улиците на Минск го одбележуваат Денот на победата

Илјадници луѓе се собраа во саботата во белоруската престолнина Минск да ја следат парадата и да ја одбележат 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, иако последните седмици бројот на инфицираните со коронавирусот во земјата остро пораснал.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко, кој последните месеци водеше политика на попуштање на односите со САД, во обраќањето до нацијата рече дека воените трагедии „не може да се споредат со какви и да се тешкотии на денешнината“, пренесуваат државните медиуми.

Лукашенко, кој на чело на оваа поранешна советска република е повеќе од четврт век, претходно деновиве изјавуваше дека смета оти не е потребно во толаква мера да се биде загрижен проади пандемијата на короанвирусот, нарекувајќи ја таквата состојба „психоза“, и ги поттикнуваше своите сонародници да продолжат со вообичаените активности.

Државната новинска агенција Белта извести дека на парадата учествуваат околу 3.000 припадници на вооружените сили, десетици воени авиони и над 150 воени возила, меѓу кои и тенкови од типот „Т-34“ кои имале огромна улога во победата во Втората светска војна.

Победата во Втората светска војна во државите од некогашниот Советски сојуз посебно се одбележува и поради 27-те милиони жртви, најмногу во светот во таа војна. Победата над нацистичка Германија е важен фактор на националната гордост и во Белорусија.

„Овој празник за нас е свет. Трагедијата на белорускиот народ, кој понесе голем товар на загубите во една од најсвирепите војни во XX век, не може да се спореди со никави тешкотии на денешницата. Не смееме ниту да помислиме на тоа да ја предадеме нашата традиција, традицијата којашто веќе 75 години ја слави историјата на големите победници“, порача Лукашенко во своето обраќање до нацијата.

Соседна Русија од минатата година се подготвуваше за јубилејот да одржи грандиозна воена парада на којашто требаше да учествуваат светски челници меѓу своето присуство го потврдија и францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот Кси Џинпинг, а американскиот Доналд Трамп ја возбуди јавноста во САД со изјавите дека размислува да присуствува на парадата во Москва. Но одржувањето на вообичаената парада на Црвениот плоштад е одложена поради големиот пораст на заразените во Русија, а особено во главниот град.

Во Русија во саботата се регистрирани речиси 200.000 случаи на зараза со короанвирусот. Во соседна Белорусија, пак, според официјалните податоци има над 20.000 заразени.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, поретходно изрази загриженост поради тоа што соседна Белорусија, која има и склучено пред дваесетина години државен сојуз со Русија, планира да одржи воена парада во екот на пандемијата. Рече дека се надева оти парадата „нема да резултира со остро зголемување на бројот на заразените“.

Лукашенико изјави претходно дека нема да биде чесно да се откаже парадата, бвидејќи со неа им се одава почест на сите кои ги положиле своите животи за слободата во времето на Втората светска војна.

„Тие за нас ги дадоа своите животи, колку тоа и патетично да звучи и прадата не можеме туку-така да ја откажеме… Луѓето повече умирале од последици од глад и невработенсота отколку од короанвирусот“, рече на почетокот од седмицава Лукашенко и додаде дека верува дека еконмскиот пад како последица од пандемијата ќе биде полош од самаа болест.