После подолг период во беровското село Русиново се родија близначиња. По тој повод како што милуваат да кажат Беровчани и Русинци се јави кој друг ако не најхуманиот Малешевец, бардот на македонската фармација, г.Благој Механџиски – Зегин кој исто така е роден во с.Русиново, објавува Делчево365.
Пресреќен од убавата вест, тој уште еднаш ја покажа хуманоста на дело и за почеток донираше комплет хигиенски производи, како и детска количка за двете новородени бебиња.
На среќните родители Марија и Дејан Милошеви им ја честиташе рожбата посакувајки му на целото семејство добро здравје, како и многу радост и среќа понатаму во животот.