ФОТО I Сателитските снимки го покажуваат пустошот по пожарите во Грција

Новите сателитски фотографии го открија ужасното уништување предизвикано од шумските пожари на грчкиот остров Родос.

Илјадници луѓе и туристи беа принудени да ги напуштат своите домови, хотели и одморалишта бидејќи пожарите продолжуваат да се шират низ грчките острови. Новите сателитски снимки направени од Maxar Technologies ги покажуваат размерите на пожарите во Родос.

Пожарите беснеат веќе една недела, што доведе до масовна евакуација. Досега од островот се евакуирани повеќе од 19.000 луѓе.

Портпаролот на грчката противпожарна служба Василиос Ватракогијанис изјави дека вчера избувнале 64 нови пожари низ целата земја, со што вкупниот број достигнал 82.

-Претстојат тешки времиња. Условите остануваат екстремни. Апелираме до граѓаните да ги евакуираат населените места. За ваша безбедност, во случај да сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, мора да бидете информирани од надлежните органи“, рече Ватракогијанис.

Локалните жители и туристите не се единствените погодени од катастрофата.

Со речиси 7.400 хектари шума во пламен во изминатата недела, добротворните организации за животни денеска предупредија дека времето брзо истекува за да се спасат дивиот свет, домашните миленици и добитокот.