ФОТО I Шест пожарникари со две возила ја гаснеле цистерната што се запали на патот Струмица-Радовиш

Шест пожарникари со две противпожарни возила ја гаснеа цистерната што утрово се запали на регионалниот пат Струмица-Радовиш.

Цистерната превезувала дизел-гориво, а пожарот настанал во 9:18 ч., во близина на селото Владевци.

Поради инцидентот, патот беше затворен за сообраќај до 10:37 ч.

„Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран. Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикај 193 – противпожарна единица“, велат од Територијалната противпожарна единица – Струмица.