>Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Софија Вергара призна дека светската слава ја припишува на својот изглед. Поради тоа, вели, воопшто не се чувствува лошо.
“Би било апсурдно да го негирам тоа или да кажам дека ме прави да се чувствувам лошо. Моите големи гради и тело ми ги отворија вратите. Тие беа мојот пасош за светот кога имав 20 години и почнав да се занимавам со манекенство. Сега имам 51 година и сè уште сум тука. “, рече Вергара, додавајќи дека преживеала благодарение на нејзината личност.
View this post on Instagram
Таа рече дека често презема ризици, што на крајот ја зацврстила нејзината кариера. “Тоа е едноставно забавно, а најлошото нешто што може да ми се случи е да ми кажат дека изгледам грдо или дека не можам да глумам. Можам да се справам со тоа”, рекла актерката.
View this post on Instagram
„Има поубави и помлади жени, кои имаат поголеми гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука затоа што покажав дека можам. Од детството ја знам мојата вредност. Но, ако некој ги гледа само моите гради а не мојот талент, тоа е тогаш нивен проблем“, заклучила таа.
За потсетување, Софија се разведе од Џо Манганиело минатата година. „Мојот брак се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека тоа не би било фер кон бебето. Тоа веќе не е за мене, добив син на 19 години, кој сега има 32 години, а јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка“, откри таа неодамна.
View this post on Instagram
Ѕвездата на серијата Modern Family во последните неколку месеци се забавуваше со ортопедскиот хирург Џастин Салиман, но раскинаа затоа што таа „не е подготвена за сериозна врска“, велат извори на Daily Mail. Во меѓувреме, Манганиело беше виден со актерката Кејтлин О’Конор.