Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случи на крстосницата кај Собрание, јавува Курир.мк.
Според Курир, несреќата се случила меѓу два автомобили, а при нивниот судир повредени биле и тројца пешаци.
Од МВР потврдуваат дека сообраќајката кај нив била пријавена околу 13:50 часот.
-Во несреќата случена на крстосница од улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ учествувале автомобил „Пежо“ и автомобил „БМВ“. На повреди се пожалиле тројца пешаци, возачот и сопатникот на „БМВ“, изјавија за Курир од МВР.
Се уште нема детални информации за повредените кои се пренесени во Ургентниот центар, во ГОБ „8 Септември“ и ГОБ „Св. Наум Охридски“
Полициски екипи се на терен каде во тек е увидот, по што ќе бидат познати повеќе информации.