Во земјотресот со магнитуда 6,7 кој во четвртокот го погоди јапонскиот остров Хокаидо и предизвикал лизгање на почвата, загинале најмалку девет луѓе а 40-ина се сметаат за исчезнати, објавија официјални извори.
Земјотресот ноќта кон четвртокот ја погодил јужната страна од Хокаидо на длабочина од 37 километри, објави јапонската метеоролошка агенција. Потоа се почувствувале десетици дополнителни треперење на почвата. Јапонската национална телевизија NHK објави дека 167 луѓе се повредени а 38 лица се водат како исчезнати.
Епицентарот бил во округот Ибури, на 70 километри југоисточно од Сапоро, главниот град на префектурата Хокаидо. Снимките од воздух покажува огромни размери на штетите поради лизгање на почвата во близина на градот Атсуме на југот од островот. Земјотресот предизвикал одрони, и оштетил патишта и домови во Сапоро, град со 1,9 милиони жители.
Аеродромите и многу магистрални патишта на островот се затворени по земјотресот, а во прекин се и железничките линии. Поради земојтресот без струја останале 2,9 милиони домови во префектурата Хокаидо, а во прекин биле и телефонските врски и телевизискиот сигнал во Сапоро.
Премиерот Шинзо Абе објави дека владата формирала кризен шта за да го координира операциите на помош и спасување. Најави дека 25.000 војници ќе бидат испратени на погоденото подрачје да помогнат во спасувачките активности.