(ФОТО и ВИДЕО) Еден убиен и 12 ранети во напад со нож во Пекинг

Една жена е убиена а уште дванаесет други лица се убиени во напад со нож кој го извел маж во популарен трговски центар во кинеската престолнина Пекинг, објави во неделата полицијата.

Пекиншката полиција соопшти дека привела маж поврзан со нападот изведен рано попладнето во „Joy City Mall“ во квартот Ксидан.

Три мажа и десет жени се префрлени во болница по нападот, а една од жените починала поради нанесените повреди, соопшти полицијата.

Полицијата го идентификувала приведениот маж како 35-годишниот кој признал дека нападот го извел за да „изрази незадоволство“.

Насилните злосторства се ретки во Кина во споредба со многу други земји, особено во големите градови каде што е големо нивото на безбедноста, но последните години се случија низа напади со нож и секира, многу насочени против деца.