
Славниот модел Хајди Клум ја разгори фантазијата на своите обожаватали во смело здолниште коешто го открива грбот и бутовите.
Ѕвездата родена во Германија, насмеано позира во разголениот жолт фустан. Мајката на четири деца покрај фотографијата на Instagram притоа напиша „Ова е моето ново омилено здолниште“.
И претходно супермоделот во текот на зимата ја покажуваше својата неверојатна фигура во оскудна облека. Хајди во петтата деценија од животот изгледа феноменално, а повеќепати истакнуваше дека за линијата најзаслужна е комбинацијата од вежбање и здрава исхрана.
Во новиот жолт фустан малку може да покрие, а го дополни со проѕирни потпетици.
View this post on Instagram