(ФОТО и ВИДЕО) Кембриџ по 81-ви пат подобар од Оксфорд

Во 164-то издание на една од најстарите веслачки регати на светот, универзитетскиот екипаж на Кембриџ го победи на реката Темза тимот на Оксфорд и дојде до 81-та победа.

Традиционалната трка на осмерците со кормилар на 6,8 километри долгата патека од Патни до Мортлејк донесе победа на Кембриџ, кои и натаму има една победа помалку од Оксфорд, додека една регата во историјата е прогласена за нерешена.

На победниците во саботата им беа потребни 17 минути и 51 секунда да минат низ целта, а за одбележување е што во нивниот екипаж беше и 208 сантиметри висок и 106 килограми тешкиот Американец, Џејмс „Годѕилата“ Летен, кој така стана највисокиот веслач кои кога и да е учествувал на оваа легендарна трка.

Рекордот на патеката е поставен во 1998 година, и го постави екипажот на Кембриџ, со 16 минути и 19 секунди, а првото издание на прославената регата се одржало во далечната 1829 година.