ФОТО и ВИДЕО| Лекарите вчудовидени по посетата кај човекот кој не се искапел 67 години

Аму Хаџи сега 87-годишник кој тврди дека не се искапел 67 години преживувајќи јадејќи пцовисани останки на кои наидува, ги збунува научниците кои потврдуваат дека има добро здравје.

Хаџи тврди дедка не се искапел со децении бидејќи верувал дека тоа ќе му донесе лоша среќа и на крајот дека ќе го убие. Вели дека неговата исхрана главно од пцовисани животни и скапани плодови на кои ќе наиде, а ја пие водата директно од локвите на улиците.

Весникот Daily Star неведува дека неговиот невообичаен животен избор му го отежнал склучувањето пријателства или наоѓањето девојка. А една од неговите омилени активнсоти е „пушењето луле наполнето со животниско ѓубриво“. Но тој ги импресионирал истражувачите кои велат дека е совршено здрав.

Соселаните во Иран кои биле толку импресионирани од неговата посветеност на неговиот неконвенционален начин живот, па му изградиле мала колобар како алтернатива за неговата вообичаена дупка во земјата.

Лекарите ја посетиле колебата во селото Дејгах и извеле неколку тестотив и велат дека и покрај неговиот начин на живот, Хаџи е изненадувачки здрав и дека нема посериозни болести или бактерии.

Стручњаците биле заинтересирани да откријат различни видови животни форми, вклучително и паразитеи, кои би можеле да се најдат на неговото тело, но успеале само да потврдат дека тој нема никакви болести или паразити и покрај драстичниот недостиг од хигиена. Професорот др Голамреза Молави извршил тестови и се сомнева дека Џаџу останал здрав поради развој на извонредно силен имунолошки систем.

Дури и со својата наклонетост кон сировата храна којашто ќе ја најде крај патот и со одбивањето да ја стерилизира водата што ја пие, Хаџи не пател од болести, што ги изненадило научниците.

Овој 87-годишник, исто така, бил во тек со актуелните настани во светот а разговарал и за настани како Октомвриската револуција и Француската буржоаска револуција со оние коишто го посетили.

Новостекнатата слава на пензионерот бездомник му го отежнала животот, вели, бидејќи иако соседите го почитуваат, луѓето повремено се појавуваат да го исмејуваат и го гаѓаат со камења. Лекарите го тестирале на сѐ, од разни форми на хепатитис и СИДА до паразити, и сѐ што откриле била инфекција со трихинелоза без симптоми.