ФОТО и ВИДЕО| Најмалку 20 мигранти се удавиле крај Грција, се стравува за уште десетици жртви

Грчките спасувачи извлекле во средата тела на 20 мигранти кои се удавиле откако потонал нивниот чамец додека се обидувале по ветровито време да преминат од Турција во Грција, соопшти крајбрежната стража а се стравува дека уште десетици лица се мртви.

Чамецот потонал во вторникот во немирното море во текот бура со силен ветер, а потрагата по исчезнатите и натаму трае покрај грчкиот остров Евија, соопшти крајбрежната стража.

Спасени се досега 12 лица, од кои 10 се засолниле на карпестиот остров Мандилу во теснецот Кафиреа. Тие рекле дека во чамецот имале вкупно 68 лица, главно мигранти и бегалци од Авганистан, Египет и Иран.

Според нивните искази, потонатиот чамец тргнал од турска Смирна, а ниеден од мигрантите не носел појас за спасување.

Пред ова потонување крај Евија на почетокот од седмицава потона уште еден чамец со мигранти. Во понеделникот четири мигранти беа спасени крај источниот егејски остров Самос, близу брегот на Турција, откако им потонал гумениот чамец.

Бројката лица кои бараат азил обидувајќи се преку Турција да влезат во Европската унија, главно бегајќи од сиромаштијата и од земјите разорени со војните на Блискиот исток и во Африка, паднал од европската мигрантска криза во 2015 година. Меѓутоа, грчките власти велат дека се зголемил обидите за влегување преки копнените и поморските граници со Турција.