(ФОТО и ВИДЕО) Најмалку шест жртви на ураганот Лаура

Уден од најсилните урагани кои некогаш ги погодиле САД, во четвртокот ја опустоши сојузната држава Луизијана, однесувајќи најмалку шест човечки животи и нанесувајќи големи материјални штети, задржувајќи ја моќта минувајќи стотици километри кон комното, пренесуваат во локалните медиуми.

За целосна процена на штетите нанесени од ураганот кој достигна категорија 4 според својата моќ, веројатно ќе бидат потребни денови, проценуваат властите. Но и покрај трагите од оштетените стотици објекти и тоа што повеќе од 875.000 луѓе останале без снабдување со електрична енергија, властите чувстуваат олеснување бидејќи не се остварија апокалиптичните прогнози за налетот на Лаура.

Четири од жртвите заганале кога врз нив паднало дрво, а меѓу нив е и 14-годишно девојче.

„Загрижен сум дека ќе пронајдеме уште жртви кога ќе излеземе надвор во потрага и спасување. Се надевам, се молам дека нема“, изјави гувернерот на Лузијана, Џон Бел Едвардс.

Додаде дека државата не ги претпрела катастрофалните штети кои ги предвидувале, но дека сепак штетите се „огромни“. Медиумите јавуваат за апокалиптични призори со однесени покриви на куќи, искорнати столбови и стебла, оштетени мостови, а на локалните аеродроми помалите авиони биле превртени.

Локалното население го опишува пејзажот како да „минале илјада торнада“ и оти невремето со „татнеж на млазен авион“ предизвикало целосно „да исчезнат некои куќи кои до вчера постоеја“.

Според Едвардс, станува збор за најмоќниот ураган што ја погодил Луизијата во последните 150 години, надминувајќи ја според разорната моќ дури и Катрина која беше категоризирана во ураган од категорија 3 кој ја погоди дражвата во 2005 година.

Најголемата брзина на ветровите кои ја придружувале Лаура низ Лузијана од 150 километри на час, ја ставаат во редот на рекордните бури во во САД. Дури по 11 часа Лаура ослабела од ураган во тропска бура преминувајќи ноќта кон петокот кон соседната сојузна дражава Арканзас.

Ураганот иако ослабен таму веќе во првите часови ја нарушил работата на системите за снабдување со електрична енергија па без струја останале 300.000 жители на Арканзас, изјави за CNN, гувернерот Аса Хатчинсон.

„Ситуација ќе продолжи да биде вистински опасна во следните 24 часа. Го предупредуваме населението и го замолуваме да остане претпазливо, да внимава на својата безбеднсот дури и откако ќе минат дождовите и поплавите“, рече Хатчисон според чии сознанија досега не се пријавени жртви или исчезнати во невремето.

Главниот удар на Лаура се случи во државите Лузијана и Тексас, кои се граничат со Арканзас на југот. Според последните процени на Националниот центар за следење на ураганите (NHC), бризината на ветерот во метео-системот на ова невреме бил 22,3 метри во секунда. Атмосферската појава се движела во североисточна насока меѓу државите Луизијана и Арканзас со брзина од 6,7 метри во секунда.

Во четвртокот вечерта Лаура, дотогаш категоризирана како ураган од категорија 4 од можните 5 степени според Сафир-Симпсоновата скала, стаса до бреговите на Лузијана и Тексас.

Сезоната на урагани на Атлантикот вообичаено трае од почетокот на јуни до крајот на ноември. Атмосферските појави како оваа се класифицираат како тропска бура и го добиваат своето име доколку брзината на ветрот во неа достигне околу 17,5 метри во секунда, а кога бризната на ветрот достигнува 33 метри во секунда и повеќе, бурата прераснува во ураган.

На американскиот брег му се заканува, во помала мерка, и Марко кој во неделата ослабе во бура. Извонредно ретко се слулчува два урагана или две слични метеоролошки појави да доаѓаат толку блиску една до друга во Мексиканскиот залив, велат стручњаците. Периодот на урагани на Атлантикот, кој официјално трае од 1-ви јуни до 30-ти ноември, годинава може да биде многу период. Центарот очекува 25 циклони од кои 12 кои се класифицираат како Лаура и 13 како Марко.