Навивач на НБА екипата Бостон Селтикс е уапсен и би можел да се соочи со доживотна забрана за посета на натпреварите во центарот „ТД Гарден“, откако фрли шише со вода на играчот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг по дуелот игран ноќта кон понеделникот.
Камерите прикажаа дека редарите брзо реагирал пред навивачот да биде одведен со „лисици“ на рацете. Извештајот на Stadium вели дека на навивачот веќе доживотно му е забрането присуството на натпреварите на Селтикс, додека според другите медиумски извештаи доживотната забрана е можно, но сѐ уште не е конечно донесена.
Инцидентот се случи откако Нетс во четвриот натпревар од доигрувањето во Источната конференција победија со 141:126 и поведоа со 3-1 во серијата против Селтикс до четири победи. Ирвинг пријде кон центарот и имитираше бришење на патиката од логото на Селтикс пред да се сврти кон соблекувалната.
Пред да стаса до тунелот во потрибинскиот простор, очигледно разгневениот и навреден навивач фрли шише во негова насока. Шишето не го погоди Ирвинг, но му го привлече вниманието, а тој и некои соиграчи застанаа и дискутираа со навивачот.
Ирвин провоцираше исвиркување во текот на целиот натпревар кој го следеа 17.226 гледачи. Две сезони играша за Бостон во 2017/18 и 2018/19 пред да премине во Бруклин.
A bottle of water appeared to have been thrown at Kyrie Irving as the Nets were exiting the floor in Boston. pic.twitter.com/u6pZDCaArJ
— SportsCenter (@SportsCenter) May 31, 2021