Силното невреме кое го погоди југоистокот на Шпанија ја однесе во петокот и третата жртва во областа на градот Алмерија, а сообраќајната поврзаност во ова подрачје е отежната поради затворањето на аеродромот, железничките линии и повеќе од десетина патни правци.
Последните денови во овој дел од Шпанија се појави метеоролошкиот феномен кој Шпанците го нарекуваат „судена капка“ (Gota fría), при кој топлината од Средоземното Море се меша со студената маса од внатрешноста создавајќи облаци од кои доаѓа дожд во енормни количества.
Највисоко ниво на метеоролошка тревога е прогалсена во областите Валенсија, Мурсија и Алмерија, каде што населението се соочува со поплави поради коишто се евакуриани стотици жители.
Аеродромот во Мурсија е затворен, а во Алмерија постепено се враќа во нормално функционирање., соопшти операторот со шпанските аеродроми Aena. Во приморскиот град Аликанте поради невремето бројните туристи се погодени поради одложувањата на летовите.
Во Алмерија загинало едно лице кога со автомобил се обидело да се пробие низ поплавена област, соопшти медицинската служба. Во четвртокот беа пријавени два смртни случаи, во еден автомоил кој бил зафатен од порој.
Иако се чини дека временските прилики може да се поправат, во неколку региони и натаму е на сила предупредувањето од највисок степен. Во овие области постои опасност од излевање на реките како што Сегура го поплави гратчето Орихуеал во близина на Аликанте. Со околу 300 литри на квадратен метар југоостокот на шпанија е погоден од најсилните врнежи последните години,