Поради рестриктивните мерки во врска со пандемијата на коравирусот кои ги донесоа соседните земји кои се најчеста дестинација за годишните одмори на македонските граѓани, тие ги преплавија домашните туристички центри, но таму воопшто не се почитуваат протоколите, а најмалку на плажите.
Никој на плажа не носи маска, не се почитува дистанцата на суво, а не пак во водата. Туристичките работници велат дека е тешко спроведувањето на протоколите, а тоа го покажуваат снимките кои до редакцијата ги испратија читател. Во случајов, станува збор за познатата охридска плажа Градиште, и како што може да се забележи таа од викендов била преполна со капачи, но ниеден од нив не ги почитува препораките за носење заштитена маска, ниту за одржување на физичкото растојание.
Поради тоа, се појавуваат стравувањата дека во периодот кој следува можни се појави на нови „плажа“ кластери на коронавирусот.
На социјалните мрежи врие викендов се водеше жестока дискусија во врска со оваа појава
-Ниту се почитува одржување на два метра растојание,ниту пак се носат маски. Шанкерите прават кафиња без маски и ракавици.Ова воопшто не е добатр знак за периодот кој следи.
-Најдобрите денови од одморот да ги поминам како марсовец со маска на лице,со сретство за дезинфекција во торба,простете но за мене не е нормално.
-На плажа со маски, и на дистанца ,а во кафеана како сардини –ова е лудило”, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.