Вооружен напаѓач отворил оган во неделата во текот на настап на хор на скалилата на катедралата на свети Јован Богослов на њујоршки Менхетен, по што бил застрелан од полицајцијате.
Како што пренесува ноќта кон понеделникот по средноевропско време весникот The New York Post, во пукањето бил ранет полицаец, но нема информации за неговата состојба.
Според сознанијата на весникот, инцидентот се случил пред соборнот храм во Харлем по Божикниот настап.
Напаѓачот кој, според полицијата, бил застрелан откако запукал кон полицајците. Тој е хоспитализиран во една њујоршка болница и е во критична состојба.
„Маж отворил оган, полицијата реагираше. Овој маж беше застрелан, тој е мртво“, инфотрмираше набрзо потоа прес-службата на њујоршката полиција. Нема информации за други повредени.
На местото на нападот биле пронајдени „многу парчиња огнено оружје“. „Полицијата продолжува со истрагата за настанот“, се додава во соопштението.
Засега нема никави информации за неговиот идентите или, пак, за мотивите за нападот.
Според изданието The Daily News настапот на хорот се одржувал на басамаците на катедралата, која што е затворена поради коронавирусот.
JUST IN: A man was shot by police after shots rang out at the end of a Christmas choral concert on the steps of a Manhattan cathedral.#NewYorkpic.twitter.com/UIEGU7tSeI
— Wᵒˡᵛᵉʳᶤᶰᵉ Uᵖᵈᵃᵗᵉˢ (@W0lverineupdate) December 13, 2020