(ФОТО и ВИДЕО) Полицијата застрела маж во Лондон кој избодел повеќе лица

Британската полиција објави во неделата дека вооружени полициски службеници застрелале маж во јужен Лондон во инцидент за кој се вели дека е поврзан со тероризам и во кој се избодени со нож неколку лица.

„Вооружени полицајци застрелаа маќ во Стретам. Во овој момент веруваме дека се избодени повеќе лица. Околностите сѐ уште се преоценуваат, сметаме дека инцидентот е поврзан со тероризам“, напиша Скотланд јард на Twitter.

Претходно корисници на социјалните мрежи објавија фотографии на маж застрелан од полицијата и видеа од местото на настанот. На едно од нив се гледа како човек во цивилна облека стои крај автомобил BMW со вклучени полициски светла и насочува пиштол кој лице кое лежи на земјата. На друга снимка, пак, вооружени полицајци му приоѓаат на лице кое лежи на земјата, а потаа бегаат од него.

Според телевизијата Sky News ваквата реакција на полицајците можеби се должи на тоа што кај напаѓачот забележале вистинска или лажна експлозивна направа.

Последниот терористички напад во Лондон се случи ланскиот 29-ти ноември. Тогап 28-годишниот Усман нХан, кој на својот појас носел имитација на експлозивна направа, ги нападна минувачите во близина на Лондонскиот мост. Инцидентот се случи во текот на состанок на студенти и предавачи на програмата за рехабилитација на поранешни затвореници извршители на тешки кривични дела, на кој учестувал и напаѓачот.

Во нападот беа убиени двајца дипломци на универзитетот Кембриџ, а напаѓачот беше застрелан од полицијата.

 

https://youtu.be/9Auq9mYxFEE