ФОТО и ВИДЕО: Путин изнајмил актерка за да ја замајува јавноста во Русија

Неколку руски телевизии се обвинети за подметнување на една иста актерка во пет различни прилози во кои граѓаните се против револуцијата во Украина.

Русокоса жена се појавува во улогата на загрижена домаќинка во Одеса која, како што рекла, „доживува вистински терор откако профашистичките политичари преку револуција се обиделе да ја зграбат власта во Украина“.

Но, јавноста и корисниците на социјалните мрежи забележале дека истата жена се појавува на неколку места, по што се посомневале дека станува збор за актерка на платната листа на Москва чија цел е да внесе раздор меѓу украинскиот народ и луѓето кои што се противат на властите во Киев.

Истата жена, за која се тврди дека е дел од пропагандната војска на Путин, се појавува во улогата на мајка на војник на барикадите во Киев, а е забележана и целосно замотана во руско знаме во Харков.

Извори тврдат дека истата жена се појавува на протестите во Севастопол на Крим и во Норочеркас во Русија.