(ФОТО и ВИДЕО) Реките од лава уништија 600 домови на Хаваи

Лавата од вулканот Килауea од почетокот на јуни проголта речиси 600 домови на хавајскиот Голем остров, претворајќи се во најдеструктивната ерупција на модерното време, известија локалните власти.

Според последните процени, ерупцијата на еден од најактивните вулкани на светот ја надминала штетата предизвикана во текот на непрекинатата активност којашто започнала во 1983 година. Во тој период повремените ерупции на лава биле уништени 215 куќи и станбени згради.

Локалните власти истакнуваат дека Килауеа, еден од петте вулкани на Големиот остров, никогаш досега не уништил толку многу згради во толку кус период.

Последиците од оваа последна вулканска ерупцја, којашто во петокот влезе во 37-от ден, се најпогубните во САД од ерупцјата во 1980 година на вулканот Сент Еленс кој се наоѓа во северозападниот дел од сојузната држава Вашингтон, вели геологот Скот Роуленд.

Гувернерот на Хаваи најави основање оперативна група којашто ќе ја сочинуваат државни и локални претставници за да се донесе план за помош на населението. Целта на нејзното основање е и сречување во иднина да доаѓа до толку големи материјални штети.

 

https://www.youtube.com/watch?v=TyKCnuxGJ0c

 

https://www.youtube.com/watch?v=9CcQtmx-g0s