ФОТО и ВИДЕО| Ријана провоцира како никогаш досега во долна облека

Триесет итригодишната американска поп-ѕвезда Ријана ја објави новата колекција „Savage X Fenty“, долна облека која ќе биде лансирана во продажба на Денот на вљубените по две седмици.

За таа прилика пејачката позираше во неверојатно провокативни комбинации. Таа сега ја отвори својата прва продавница во Лас Вегас, а покрај долна облека, ќе продава и спортска гардерова и козметика.

„Пред да купите цвеќе, ѕирнете во мојата веб-продавница“, се наведува на страницата на нејзиниот бренд, наменет за оние кои ќе се решат за малку поотмен и посмел подарок.

Пејачката, а сега и претприемачка, ја промовира новата колекција на себе, а нејзиниот атрактивен изглед никого не остава рамнодушен.

Позира во црвено трико со длабоко деколте и разголен грб, кое се врзува преку градите. Чепкестиот дизајн го искомбинирала со мрежесто најлонки со иста боја. Целата оваа сексапилна комбинација ја надополнува со црвено-црна фризура.

На една од фотографиите се припива до кристални лустери, кои се чини дека ѝ служат како потпирка. Својата комбинација целосно ја ускладила со зимски амбиент. Белиот веш го комбинира со латекс халтери со иста боја, а целата комнинација ја дополнува со среберни потпетици и бела јакна.

Ријана својата модна приказна ја започна по козметиката, уште во 2008 година од кога нејзините брендови само растат. Жените од целата планета ги обожуваат нејзините брендови, бидејќи се темелат на инклузивност и нудат многу широк распон на велични на долна облека, како и нијанси на пудри и ружеви.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)