ФОТО и ВИДЕО| Се шири ерупцијата на Исланд, огнена пукнатина долга четири километри

Вулканската ерупција на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд во вторник претпладнето продолжува да се шири.

Ерупцијата на вулканот, за која населението долго се подготвуваше, почна во понеделникот ноќта северно од рибарското село Гриндавика, кое во изминатите неколку седмици беше потресено од десетици земјотреси. Жителите, од кои 4.000, беа евакуирани уште во ноември.

Полицијата потврди дека сите патишта кон Гриндавик се затворени и ги повика луѓето да не се приближуваат до областа, предупредувајќи дека гасовите што се испуштаат таму може да бидат токсични. Воздушниот сообраќај кон и од Исланд не беше засегнат од ерупцијата.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат портокалово-црвени блескави фонтани од лава кои се издигнуваат на темното ноќно небо.

Пукнатината се проширила во текот на ноќта и до раните утрински часови пораснала на околу четири километри, тврди вулканологот Арман Хоскулдсон. Пукнатината е неколкупати подолга од оние во ерупциите на полуостровот Рејкјанес во последните години.

Исланд, кој се наоѓа над вулканско жариште во Северниот Атлантик, во просек има ерупција на секои четири до пет години. Најактивна во последно време беше ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул во 2010 година, кој исфрли огромни облаци од пепел во атмосферата и доведе до широко распространето затворање на воздушниот простор над Европа.

Ритамот на протокот на лавата е, исто така, многу побрз, од околу 100 до 200 кубни метри во секунда. Хоскулдсон изјави за исландската радио станица RÚV дека проценува дека ерупцијата би можела да трае меѓу седум и десет дена.

Ерупцијата, исто така, привремено ја затвори блиската Сина лагуна, една од најпознатите туристички атракции на Исланд, која штотуку беше отворена овој викенд.